wordpress counter

Кока кола мисли на нас

Еден од најголемите производители на пијалаци, Кока Кола, деновиве нѐ почести со ново пакување на својот најпопуларен производ. Она што е важно за нас е дека не станува збор за обично пакување туку еко пакување кое треба сериозно да го намали загадувањето на животната средина.

Голем број познавачи на светските брендови ќе кажат – па добро, оваа компанија секогаш била пријателски настроена кон планетата Земја. Но, овој пат станува збор за џиновски чекор напред на ова поле.

Има неколку информации кои одат во прилог на ова наше тврдење. Еве само некои од нив:

• капачето е за 25% потенко од претходното, што драстично ќе влијае на намалување на загадувањето предизвикано од PET амбалажата;
• 100% рециклажа. Не дека претходната PET амбалажа не може да се рециклира, туку дека сега ова пакување може да се превитка и да стане за 66% помало од оригиналното пакување. Со еден збор, ќе може да го ставите во џеб. На тој начин, ќе се намалат и трошоците за транспорт и загадување на воздухот;
• „истиот вкус, но многу позелен“. Целото шише е направено од биопродукти добиени од шеќерна трска.

Ако го земеме предвид и податокот дека секои 5 минути во САД се користат преку 200.000 пластични шишиња, уште повеќе ќе ја разбереме вредноста на овој чекор.

Related Posts with Thumbnails