wordpress counter

Кокосова вода – нов хит на пазарот

Течноста која се добива од млади и недоволно созреани плодови на кокос од тропските земји е основната состојка на новиот производ кој ги освојува светските пазари. Станува збор за кокосова вода, која веќе се наоѓа на американскиот пазар.

Славните личности препознаа одличен производ и се зборува дека Мадона, Метју Меконахи и Деми Мур веќе имаат вложено свои средства во фабриката Вита Коко која е производител на оваа вода.

Фановите истакнуваат дека станува збор за нискокалоричен, природен производ кој е богат со хранливи состојки. Околу 300 мл од кокосовата вода содржи дури 700 мг калиум и само 60 калории. За нејзината популарност доволно зборува и порастот на продажбата за 5 пати во период од две години.

Related Posts with Thumbnails