wordpress counter

Крај за фалсификувањето на виното

Австралиските истражувачи пронајдоа метод со чија помош може точно да се утврди староста на виното и на тој начин се најави бескомпромисна битка против сите кои производот го прикажуваат како постар отколку што е навистина.

Стручните лица од Универзитетот во Аделаида, користејќи го јаглеродот C-14, можат точно да ја утврдат годината на бербата на грозјето од кое е направено виното. Имено, екипата го измерила нивото на C-14 во ферментираниот шеќер во преку 20 австралиски вина кои се произведени во периодот од 1958 до 1997 година. Потоа, резултатите ги споредиле со податоците за следење на радиоактивноста на атмосферата и секој пат успеале точно да ја утврдат годината на берба.

Зошто е важна радиоактивноста на атмосферата? Затоа што методот се базира на разликата помеѓу C-12 и C-14, два изотопи на јаглеродот кои се впиваат од страна на растенијата меѓу кои и грозјето. C-12 е стабилен, додека C-14 е радиоактивен и неговата количина со тек на време се менува. На овој начин, ќе се спречи фалсификувањето на виното кое е присутно со 5% од светското производство.

Related Posts with Thumbnails