wordpress counter

Краставици полетаа во вселената

Минатиот вторник, една интересна екипа астронаути се упати кон вселената со една посебна задача. Станува збор за јапонскиот астронаут Сатоши Фурукава, американецот Мајк Фосум и русинот Сергеј Волков, кои покрај редовните вселенски обврски, ќе се обидат да одгледуваат и зеленчук во безгравитационен простор.

Во текот на 5 и пол месеци, колку што ќе трае нивната мисија, астронаутите ќе се обидат да посадат и одгледаат краставици на вселенската станица. На тој начин, ќе се утврди дали е можно да се одгледува храна во вселенски услови.

Покрај краставици, русинот Волков ќе се обиде да создаде и вселенски домати, кои се надеваме дека ќе бидат онакви какви што ги познаваме. Сепак, на астронаутите нема да им биде дозволено да ги консумираат плодовите. Нормално, доколку израснат. Како и да е, екипажот признава дека повеќе би сакале да јадат печен компир, отколку некој од овие зеленчуци.

Related Posts with Thumbnails