wordpress counter

Квинсбери-Хант

КВИНСБЕРИ-ХАНТ

Мартин Хант и Дејвид Квинсбери веќе неколку децении се на самиот врв во дизајнот на производи за домаќинство, особено сервиси за јадење, керамика и апарати за домаќинство. Нивната работа претставува продолжение на богатата и долга традиција во рачното создавањето на ваквите производи. Заедно ги имаат создадено едни од најбараните и најпродаваните сервиси за јадење во Европа. Особено познати се по дизајнирањето на линијата на садови Coco, ексклузивно за господинот Џејми Оливер.

Сјајот на овој одлично осмислен прибор за јадење е апсолутно бел, побел и од снег, како што прилега на производ кој се користи за да се послужи храна. Чист, со современи линии, асортиманот одговара на модерните тенденции во послужувањето на храната.

За овие дизајнери, керамиката претставува точка на спојување на функционалноста и чистата уметност, а нивната работа е уште поважна поради сознанието дека денешните садови утре ќе бидат скапоцени артефакти.

Related Posts with Thumbnails