wordpress counter

Лименка пиво која се претвора во чаша

На Светското првенство во фудбал во Јужна Африка, кое започна на 11 јуни, своите мајстории не ги покажуваат само фудбалерите, туку и производителите на пиво. SABMiller, во соработка со Crown, понуди комплетно ново пакување на пиво.

Станува збор за лименка која се трансформира во чаша за пиво. Имено, горниот дел од лименката може комплетно да се отстрани и на тој начин да служи како чаша. Ова пакување е направено со цел да се намалат редовте во баровите и кафетериите, времето на послужување да биде побрзо и секако, да доживеете уникатно искуство.

Иако ова пакување е со временски ограничена употреба (за целите на првенството), ниту SABMiller, ниту Crown не ја исклучуваат можноста за понатамошна употреба. Освен тоа, станува збор за материјал кој е обновлив, па на тој начин овие производители вложуваат и во заштита на животната средина.

Related Posts with Thumbnails