wordpress counter

„Љубљанске млекарне“ заинтересирана да го купи „Сведмилк“

Деновиве се актуелизира продажбата на пропаднатата млекарница „Сведмилк“. Според информации од порталот „Сеебиз“, три млекарници од просторите на поранешна Југославија се заинтересирани за купување, а најголем интерес покажала „Љубљанске млекарне“ од Словенија.

Се очекува „Сведмилк“ да добие нов сопственик до крајот на летото, а парите од продажбата ќе одат во „Тутунска банка“. Еден дел ќе го земе „Hypo Leasing“, додека остатокот ќе биде употребен да се исплатат производителите на млеко на кои им се должи сума од 4 милиони евра. Инаку, скопската млекарница се продава без долгови и обврски.

„Љубљанске млекарне“ е основана во 1956 година и вработува повеќе од 250 лица. Дневното производство на млеко се движи околу 60.000 литри. Произведуваат и млечни напитоци и бројни млечни производи. Нивен најпознат бренд на овие простори е „Алпско млеко“.

Related Posts with Thumbnails