wordpress counter

Лути како пиперка

Натпреварот La Costeña Jalapeño е настан кој се одржува во Мексико веќе четврта година по ред. Овој пат, домаќин беше гратчето Сан Антонио. Станува збор за натпревар во брзо јадење на лути, халапењо пиперчиња. За да победите, потребнa е голема храброст и решителност и да се откажете од вашиот јазик во следните неколку дена.

Најголеми фаворити оваа година беа минатогодишниот шампион Соња „Црна вдовица“ Томас и Пет Бертолети. Овој пат, Бертолети ѝ врати мило за драго на Соња и победи со изедени 275 пиперчиња за кратки, но жестоки 10 минути. Соња го освои второто место со 274 пиперчиња, трет беше Ерик „Црвениот“ Денмарк со 92 пиперчиња.

Интересно е дека и прво и второпласираниот успеаа да го срушат светскиот рекорд. Наградата за победникот изнесуваше 6.000 долари. Инаку, костења халапењос се најпродаваните пиперчиња во САД, а Костења е најдобрата мексиканска фабрика со преку 85-годишна традиција.

Related Posts with Thumbnails