wordpress counter

Мачка во тава

Еден од најпознатите италијански писатели за храна, Бепе Бигаци, беше суспендиран на неодредено време од телевизиската програма Ready Steady Cook, која оди на првиот канал на италијанската државна телевизија RAI. Причината е неговата препорака и опис на мачка приготвена во тава како сочен специјалитет.

Програмата оди во живо на пладне на Раи Уно и уште во текот на емисијата централата на телевизијата била бомбардирана со повици од страна на гледачите и асоцијациите за заштита на животните.

Од друга страна, Бигаци изјавил дека тоа е многу вкусен специјалитет во неговиот роден крај Валдарно во Тоскана и тврдењето го поткрепил со стара италијанска поговорка која вели: „ако за празник немате месо, тогаш подгответе мачка“. Покрај тоа, Бигаци одбил да се извини на гледачите и покрај молбите од страна на водителката и продуцентите на шоуто.

Како и да е, подобро е да се држиме до старата ирска поговорка која вели: „Никогаш не ги слушајте старите италијански поговорки“.


Related Posts with Thumbnails