wordpress counter

„Македонија вечна – Храна“ со меѓународно признание

Еден од најдобрите ТВ спотови изработени кај нас, „Македонија вечна – Храна“ доби меѓународно признание на Фестивалот на туристички филмови, кој се одржа од 12-14 октомври во Солин, Хрватска.

[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=ROZT1i_4Z4E[/youtube]

На фестивалот беа пријавени 272 филмови со туристичка, документарна, промотивна, културолошка, религиозна и еколошка тематика. Со номинација се закитија 80, од кои 55 беа странски, а 25 хрватски. Меѓу наградените се најде и нашиот ТВ спот.

Инаку, ова е веќе второ меѓународно признание за „Македонија вечна – Храна“. Агенцијата „Република“ беше наградена и на Меѓународниот фестивал за туризам во Будва, Црна Гора. Тогаш спотот ја доби првата награда за ТВ спот.

Интервјуто со луѓето од „Република“, кои се најзаслужни за оваа туристичка промоција на Македонија, можете да го прочитате тука.

Related Posts with Thumbnails