wordpress counter

McDonalds’s + Italy = McItaly

Без сомнение, владењето на Берлускони италијаните ќе го запомнат по многу одлуки од кои им се крева косата на главата или барем веѓите. Но, една одлука дефинитивно ќе им се допадне. Имено, Владата на Италија, во соработка со познатиот синџир на брза храна, заеднички го направија т.н McItaly бургер.

Двата нови бургери и една салата ќе бидат приготвени исклучиво од италијански производи и ќе користат невообичаени сосови и додатоци, како на пример артичок, Асиаго сирење, маслиново масло, зелена салата и чадена сланина.

Куриозитет е дека заинтересираноста на владата беше толкава што дури и министерот за земјоделство на Италија беше на располагање на ресторанот при креирањето на новите сендвичи. Е, сега, влада не би била влада ако не очекува и некаков ефект од целата приказна. Очекувањата се дека околу 3.6 милиони евра ќе добијат локалните производители на зеленчук и сирење.

Related Posts with Thumbnails