wordpress counter

Најголемото фонду на светот

НАЈГОЛЕМОТО ФОНДУМалото место Ле шо де фонд во Швајцарија, отсега ќе може да се пофали дека бил домаќин на подготвувањето на најголемото фонду на светот. Со 1.441,3 килограми растопено сирење во само еден сад со дијаметар од 1,40 метри и длабочина од 1,20 метри беше срушен светскиот рекорд во приготвување на фонду.

Беше направено 100% фонду од кантонот Нојшател, со комбинација на сирењата гриер и бришон. Покрај сирењето, во приготвувањето се искористија 10 килограми лук (сигурно опојно мирисало цело гратче), 100 литри вино, 10 литри ракија од цреши и 3 килограми бибер.

Дегустацијата се одвивала на паркингот пред еден трговски центар, надополнето со еден тон крцкаво топло лепче. И покрај големата посетеност, останале недојадени околу 100 килограми фонду.

Ехххх… ние да бевме таму – тешко дека ќе останеше нешто.

Related Posts with Thumbnails