wordpress counter

Натпревар во јадење чили ќе завршеше трагично

Учесниците на натпревар во јадење на чили пиперчиња почувствувале мачини и повраќање додека учествувале на натпреварот што се одржал во Единбург, Шкотска. Двајца од натпреварувачите дури морале да бидат и хоспитализирани по натпреварот чиј домаќин бил еден индиски ресторан.

Станува збор за ресторанот „Kismot curry house“, кој го оргранизирал овој натпревар во добротворни цели. Еден од сопствениците решил едно од јадењата повеќе да не биде на менито за да не се случат вакви немили настани.

Како и да е, според правилата, сите учесници потпишале договор со кој ресторанот не сноси никаква одговорност за евентуални последици од консумирањето на храната. Интересно е дека само тројца успеале да ги изедат сите три оброци со чили без никакви последици, од дури 100 учесници во натпреварот.

Related Posts with Thumbnails