wordpress counter

Не може повеќе ништо да се сокрие

Веруваме дека најголем дел од нас не знаеме точно што купуваме кога станува збор за храната и пијалоците. Ниту имаме претстава што сѐ е напишано на декларациите, ниту пак законот го приморува производителот да ги наведе сите состојки.

Но, за да престанеме да живееме во незнаење, се погрижи една американска компанија. Првичната идеја произлезе од универзитетскиот професор О’Рурк. Идејата ја преточил во веб-сајтот www.goodguide.com, како и во iPhone апликација. Имено, со нивна помош можете да пребарувате преку 75.000 производи за кои се внесени податоци.

Податоците се однесуваат на состојките на производите, како и нивното влијание врз нашето здравје и животната средина. Според зборовите на О’Рурк, неговата замисла е да го врати маркетингот на правите патеки, односно наместо компаниите да ни кажуваат во што да веруваме, подобро е ние да им кажеме што нам ни е битно.

Ние од Гурман™ сметаме дека ова е прилично интересна идеја на која ѝ е потребна подршка. Конечно да се расчисти кој производ што има во себе, за да може секој купувач да реши дали ќе избегнува определен производ, или ако веќе го купува, тогаш ќе биде свесен за последиците од неговото консумирање или користење.

Related Posts with Thumbnails