wordpress counter

Не правете го ова дома

ГОТВЕЊЕ СО ТЕЧЕН АЗОТСпоред германските медиуми, 24-годишниот готвач Мартин Е. ги загуби двете раце во инцидент со течен азот. Човекот, како љубител на молекуларната гастрономија, експериментирал со рецепти кои вклучуваат употреба на течен азот. Местото на настанот е куќата на неговата девојка во Германија. Според нејзините зборови, Мартин заминал во бањата со боца полна со течност и набргу од таму се слушнала силна експлозија. Бргу потоа, со хеликоптер е пренесен во болница, каде му биле ампутирани двете раце.

Неговата состојба сѐ уште е тешка и е приклучен на апарат за вештачко дишење. Се надеваме дека Мартин ќе успее да ја надмине состојбата, без разлика што неговата кариера како готвач е веќе запечатена. А, експериментите со течен азот сепак да му ги оставиме на Хестон Блументал.

Related Posts with Thumbnails