wordpress counter

Нема повеќе диети

Сенса кристалите е новиот производ кој ќе го заврти светот на храната наопаку. Имено, го попрскувате вашиот омилен оброк (каков и да е) со овие магични кристали и вие започнувате да го губите вишокот килограми. Така барем тврди неговиот производител.

Сенса е направен да влијае на нашето сетило за мирис. Со помош на овие кристали, ние побргу ќе се заситиме и ќе јадеме помалку. Она што е најневеројатно е дека нема да мораме да се откажеме од ниту едно јадење, ниту ќе биде потребно да вежбаме премногу.

Во овој револуционарен пронајдок, кој патем речено не содржи калории, досега можеа да уживаат само американците. Деновиве, Сенса кристалите ќе ги преплават и продавницните во Британија, Канада, Мексико и Германија. Цената на месечната количина која ви е потребна е 2.200 денари.

И покрај тоа што нема ниту една научна потврда за ефектот од овие кристали, потрошувачите буквално се грабаат по рафтовите во продавницните. Гурман™ ве повикува да го споделите вашето искуство, доколку сте го користеле овој производ.

Related Posts with Thumbnails