wordpress counter

Нема повеќе готвење со алкохол

Според пишувањето на медиумите во ОАЕ, сите ресторани и други угостителски објекти во таа земја не смеат повеќе да користат алкохол при подготовка на своите специјалитети. Во спротивно, ризикуваат казни во висина до 6.000 долари.

Сличен закон постоел и претходно, но не бил почитуван, особено во хотелите каде поголем дел од гостите не се муслимани. Досега алкохолот се користеше при подготвка на суши, теријаки сос и голем број специјалитети од европската кујна.

Оваа забрана се однесува само на подготовка на храна, додека хотелите и рестораните и натаму имаат лиценца за послужување и продажба на алкохолни пијалаци.

Тамошните угостители не се задоволни со оваа одлука и сметаат дека на овој начин комплетно ќе се промени вкусот на храната во Дубаи.

Related Posts with Thumbnails