wordpress counter

Нема повеќе играчки со фаст фуд

Со цел да го спречи доведувањето во врска на брзата и нездрава храна и наградувањето, Калифорнија донесе одлука за забрана на делење на детски играчки при купување на висококалорична храна богата со масти, сол и шеќер. На тој начин, Калифорнија стана првата земја во светот која донeсе таква одлука.

Согласно новите прописи, со оброци кои имаат повеќе од 485 калории и преку 600 мг натриум се забранува подарување на детски играчки. Истата одредба се однесува и на храната кај која повеќе од 35% од енергетската вредност произлегува од масти, односно храната кај која повеќе од 10% од енергетската вредност произлегува од шеќери.

Рестораните за брза храна оваа одлука ја дочекаа на нож, што е и разбирливо. Сепак, властите им дадоа период од 90 дена, почнувајќи од 11-ти мај, за да се прилагодат на новонастанатата сосотојба. Како и да е, оваа одлука на калифорниските власти е за поздравување. Се надеваме дека и кај нас конечно ќе проработи свеста на одговорните лица, за брзата храна која ни ја сервираат фаст фуд рестораните.

Related Posts with Thumbnails