wordpress counter

Нескафе Бариста

Нескафе Бариста е навистина посебна машина. Уред кој ќе ви понуди 4 различни видови кафе: еспресо, макијато, кафе лате и филтер кафе. Дизајнот е уникатен и едноставен, како што ќе биде и подготовката на кафе со помош на овој кафемат.

Она што оваа машина ја прави посебна е што има опција да подготвува крема, опција која досега не беше можна. И како шлаг на тортата, кафето кое го користи оваа машина не е повеќе инстант кафе, туку вистинско печено и мелено кафе.

Инаку, Нескафе Бариста е развиен во соработка со Бревис Интернешнл и сега засега се продава само на јапонскиот пазар. Во меѓувреме Нестле Јапонија го лансираше и Nescafe Dolce Gusto. Но, за него, во некоја наредна прилика.

Related Posts with Thumbnails