wordpress counter

Нордиска кујна во Скопје

За време на овогодинешниот Нордиски летен викенд, во нашиот град ќе престојува и данската готвачка Трина Ханеман. Трина работи како готвач од 1990 година и нејзина специјалност е кетеринг за музичарите на турнеи, како и филмскиот бизнис. Досега таа има готвено за Red Hot Chili Peppers, Elton John, Tina Turner, Rolling Stones…

Во Скопје, на 04 септември, Трина ќе одржи работилница на која ќе подготвува јадења заедно со уште десетина учесници и ќе нѐ запознае со историјата на нордиската кујна.

Бидете во 13:00 часот во клуб ресторанот МКЦ и вкусете некои од 3-те нордиски специјалитети кои Трина Ханеман ќе ги зготви за нас. Ние ќе бидеме таму.

Related Posts with Thumbnails