wordpress counter

Нов плод: Виолетов домат

Според пишувањето на „New York Daily News“ наскоро ќе можеме да уживаме во вкусот на виолетовите домати. Станува збор за домат со друга боја и збогатен со хранливи состојки.

Одгледувањето започнало со цел да се добие поголем удел на антиоксидансот антоцијанин во доматот. Токму тој е одговорен за виолетовата боја на овошјето и зеленчукот, особено кај боровинките.

По британските научници, кои минатата година не изненадија со супер брокулата, експертите од Универзитетот од Орегон успешно го произведоа таканаречениот „Indigo Rose“ доматот. Според нив, овој домат делува позитивно на когнитивните функции, делува противвоспалително и го намалува антиоксидантниот стрес.

Антоцијанинот е застапен во виолетовите и сините бобинки, но истражувачите веруваат дека на овој начин ќе се зголеми внесот на антиоксидансот токму поради поголемата популарност на доматите во однос на бобинките и нивната поголема застапеност во исхраната. 

Related Posts with Thumbnails