wordpress counter

Нов зеленчук на трпезите

Станува збор за зеленчук кој се добива со вкрстување на кељ и прокељ. Плодот е мал со зелени и виолетови фиданки и широки и разлистени ливчиња. Искрено, многу повеќе личи на кељ отколку на прокељ но, сепак го добива името цветна фиданка.

Прокељот има арома на зелка и јак вкус, поради што и не беше на листата на најпопуларни зеленчуци. Меѓутоа, вкрстувањето со кељот може да му помогне да ја надмине таа репутација.

Инаку, овој зеленчук е развиен од истражувачкиот тим на Marks & Spencer и токму во нивните продавници започна за првпат да се продава. Доаѓа во време кога потрошувачите сакаат нови вкусови и ароми и 8 години по создавањето на брокулите со меко стебленце.

Related Posts with Thumbnails