wordpress counter

Запознајте ја новата девојка во градот…

Патеписецот и бон виван Ентони Бордејн за Шпанија ќе рече „Секој разумен, свесен човек кој ја набљудувал Шпанија, ја посетил Шпанија, јадел во Шпанија, пиел во Шпанија – се вљубил во Шпанија. Ако не… тогаш нешто сериозно не е во ред со него.“

Вкусовите и миризбите на Шпанија пристигнаа во Скопје, во „Лола бар“ во Старата чаршија. Но, „Лола бар“ не е само бистро за шпанска храна и пијалаци. „Лола бар“ ви го носи духот на Шпанија, страста на фламенкото, громогласното смеење во ноќните часови врз шанк насаден со сангрии, попладневната сиеста со книга или партија табла во лаунџ делот, солен хамон и грч ладно пиво по работниот ден…

Доживејте ја лежерноста на шпанското секојдневие. Пројдете на една тапа од нога и ред муабет, или дојдете со лаптоп и искористете го инспиративниот амбиент да ја завршите веќе еднаш таа презентација (чајот со свежо нане многу помага). Пробајте монтадито со чадена туна, парче андалузиски овчи кашкавал или експериментирајте со салморехо врз топло лепче. Дознајте што е кафе бомбон и тинто де верано. Посетете ја Шпанија, макар само на неколку часа.

Бидејќи, како што повторно ќе каже гурманот Бордејн: „Шпанија никогаш немала смисол… на најдобриот можен начин“. [Андреј Спасовски]

Related Posts with Thumbnails