wordpress counter

Нова пирамида на правилна исхрана

Минатата недела, Американската агенција за земјоделство ја замени познатата пирамида на правилна исхрана со нов дизајн. Покрај новиот изглед, постои промена и во содржината на оброците. Делот со оброци е поделен на четири дела. Симплифицираниот пристап опфаќа овошје, зеленчук, житарки и протеини. На помала чинија се сместени млечните производи.

За разлика од претходната пирамида, сега имаме посебна категорија за протеини, за да се потенцира дека покрај месото има и други извори на протеини. Новата пирамида е наречена „Mоја чинија“ и на претставувањето учествуваше и првата дама на САД, Мишел Обама. Според неа, со овој поедноставен графички приказ ќе им се олесни работата на родителите во исхраната на нивните деца.

Инаку, првата пирамида на исхрана се појавила во 1916 година, а најпозната е онаа од 1922 година која беше актуелна до овие денови. Последната промена беше воведена во 2005 година, кога беа додадени редовни физички активности.

Related Posts with Thumbnails