wordpress counter

Нови вина на „Тиквеш“

Најголемата македонска винарија „Тиквеш“ од Кавадарци, ги претстави двата свои најнови бренда – „Бела вода“ и „Барово“. Со овие две вина, „Тиквеш“ планира да ги осовојува интернационалните пазари, кои знаеме дека се многу пробирливи и бараат врвен квалитет.

Сортите на гројзе се од регионите на Велешко и Кавадречко. „Бела вода“ е направено од сортата „вранец“, додека „Барово“ од сортата „плавец“. Интересно е дека овие две вина на „Тиквеш“ имаат и француски шмек. Имено, овие два бренда се создадени со помош на францускиот енолог Филип Камби.

Според неговите зборови, вакви вина не може да се произведат ниту во Аргентина, ниту во било која друга земја. Тоа, покрај врвниот квалитет, треба да биде главниот аргумент при настапот на странските пазари.

Related Posts with Thumbnails