wordpress counter

Нови вкусови на Кит Кет

Кога е во прашање линијата на производи Кит Кет, Нестле најави лансирање на неколку новитети на јапонскиот пазар. Во согласност со специфичната јапонска гастрономска традиција, 19 нови вкусови ќе им бидат на располагање на јапонците. Меѓу нив и вкусовите на соја сос, зелен чај, диња и васаби.

Со оглед дека подарувањето е важен дел од јапонската култура, Нестле во соработка со Јапонски Пошти ќе креира посебни пакувања на чоколадите замислени како разгледници.

Кит Кет е особено популарен помеѓу јапонските студенти и тоа за време на испитните сесии и колквиумските недели. Поради зголемениот психички напор, младите јапонци консумираат повеќе слатки производи. Затоа и името на овој производ тие го поврзуваат со јапонската мантра за успех на испитите која се нарекува „kitto katsu“, што во превод значи „ќе дадам сѐ од себе да успеам“.

Related Posts with Thumbnails