- Гурман™ - https://gurman.mk -

Обама го откачи Саркози

Претседателот и правата дама на САД ја одбија поканата на Саркози и Карла Бруни за заедничка вечера на врвот на Ајфеловата кула, што предизвика лавина од реакции во европскиот печат.

На Барак и Мишел повеќе им годела интимна атмосфера отколку да бидат дел од џет сетот на кој припаѓа овој најпопуларен француски пар и имале пријатна вечера во бистрото „La Fontaine de Mars“. На вечерата присуствувала нивната ќерка Малиа и уште двајца гости.

Инаку, ова бистро е познато по кантри стилот, пристојните цени и едноставните оброци од регионалните кујни на Бордо и Баскија. Основан е во 1908 година и се смета за еден од најубавите ресторани, кој шири пријатна фамилијарна атмосфера.

Што се однесува до оброкот, Барак одбрал печено јагнешко месо, додека останатите се решиле за филети од говедско месо.