wordpress counter

ОБЈАВЕНИ „БЕАРД“ НОМИНАЦИИТЕ

beardФондацијата Џејмс Беард ги објави овогодинешните номинации, вклучително и оние во категориите готвач и ресторан на годината, кои ќе бидат доделени на 4 мај.

Еве ги номинациите:

Најдобар нов ресторан: „Кортон“, „Момофуку Ко“ и „Скарпета“, трите во Њујорк, „Базар кај Хосе Андрес“ во Лос Анџелес и „Л2О“ во Чикаго.

Најдобар ресторан: „Бабо“ и „Жан Жорж“ на Менхетен, „Булевар” во Сан Франциско, „Фор Стрит“ во Портланд и „Хајлендс бар и грил“ во Бримингем.

Најдобар готвач: Хозе Андрес од „Минибар“ во Вашингтон, Ден Бербер од „Блу Хил“ и Том Коликио од „Крафт“ како претставници на Њујорк, Сузан Гуан од „Лик“ во Лос Анџелес и Пол Кахан од „Чикаго“.

А, во категоријата готвач-ѕвезда во подем има неколку имиња кои треба да ги запомниме. Можеби во некој од нив се крие новиот Џејми Оливер.

Номинирани се: Нејт Епелман од „А16“ во Сан Франциско, Шон Брок од „кај МекКреди“ во Чарлстон, Џони Монис од „Коми“ во Вашингтон, Габриле Рикер од „Ле пиџн“ во Портланд, Мајкл Соломонов од „Захав“ во Филаделфија и Сју Земаник од „Готро“ во Њу Орлеанс.

Related Posts with Thumbnails