wordpress counter

Оброк помеѓу куршуми

Buns&Guns РЕСТОРАНОТ ВО БЕЈРУТ

РЕСТОРАН: Buns and Guns
ЛОКАЦИЈА: Бејрут, Либан

Пред точно една година, во немирниот Бејрут (од кога знам за себе, тие се борат) се отвори еден навистина посебен ресторан. Како што кажува и самото име, ресторанот наликува на сцена од воен филм и сѐ е во знак на воената атмосфера. Влезот на ресторанот е ограден со вреќи со песок како на барикади, додека во ентериерот преовладуваат скриени гнезда за набљудување кои висат од таванот, деактивирани гранати и муниција.

На менито ќе најдете: „магнум“ (сендвич со пилешко месо приготвено на скара), „граната“ (компири исечкани на тенки ленти) или „терористички крцкав леб“.
Мото на ресторанот е „Сендвичот може да ве убие“, а сопственикот вели дека најважно му е првин да го насмее гостинот со идејата за ресторанот и мотото. Мотото е такво бидејќи сендвичите се навистина големи. Според него, работата одлично му оди.

Доколку сте расположени за ручек или вечера во посебна, несекојдневна атмосфера тогаш ќе мора да се упатите во овој некогаш космополитски град.

Related Posts with Thumbnails