wordpress counter

Одгледувањето храна е повторно во мода

Деновите кога вљубениците во хортикултурата беа во потрага по некое ново повеќегодишно растение, се чини дека се минато. Настапува нешто што популарно веќе се нарекува рененсанса на одгледувањето на храна во домашни услови. Оние кои веќе го прават тоа, велат дека нема поубаво чувство од вкусот на свежо набрани домати или вкусување на малини созреани со помош на сончевите зраци на вашата тераса или градина.

Овој тренд веќе се шири низ светот. Податоците велат дека 30% повеќе семејства ќе започнат да одгледуваат некаков вид на храна, а во САД продажбата на семе за зеленчук пораснала за 25%. Според овие информации, очигледно е дека ќе бидеме сведоци на замена на розите со боровинки или рабарбара.

Веруваме дека многу од нас ќе се обидат да посадат зеленчук или овошје. Нема подобар начин да се грижиме за нашето здравје од домашно одгледани плодови. А, кога ќе дојдат гостите, салатата од свежо набран зеленчук ќе биде одлично изненадување.

Related Posts with Thumbnails