wordpress counter

Паста од бадеми за скршено срце

Пастата, чиј рецепт е вистинска тајна, содржи 72% бадеми и 28% други состојки. Естонските аптекари тврдат дека оваа паста сигурно ја лечи болката поради невозвратената љубов. Токму и една аптека од Талин, која постои уште од 1422 година, ветува дека и оваа година ќе ги лечи скршените срца со помош на тајната паста.

Оваа аптека се наоѓа на централниот плоштад во средновековниот дел на Талин, а нејзините сопственици се фалат дека постои 588 години и е најстара во Европа. Уште од средниот век, во нејзините простории се подготвува посебен рецепт за лечење на љубовните болки. Едно пакување од 40 гр чини 1 евро, а побарувачката е огромна.

Освен љубовната паста, оваа аптека продава уште многу производи кои купувачите ги враќаат во одамна минати времиња. Така, се продаваат напитоци за кои се верува дека имаат волшебна моќ – како на пример напитоци и производи направени од очи од гргеч, крв од црна мачка, ланолин од волна на јагне, пржени пчели или жабји батаци.

Иако на некого ќе му изгледа смешно, некогаш докторите ги препишувале токму овие производи и лекови при лечењето на своите пациенти.

Related Posts with Thumbnails