wordpress counter

Пекорино – нов производ на Битолска млекарница

Битолската Млекарница ИМБ повторно пријатно нѐ изненади. Овој пат, станува збор за едно од најпознатите италијански сирења – пекорино кое станува дел од асортиманот на нашата најголема млекарница. Сирењето ќе се произведува и како конзумно и како сирење за рендање.

Инаку, пекориното се подготвува од 100% квалитетно овчо млеко, набавено од строго контролирани фарми. Претставува одлична комбинација на италијанска експертиза и македонска традиција. Името е задржано како кај оригиналот, затоа што претставува бренд на тврдо сирење кое секаде во светот е познато под ова име. Единствено, во овој случај ќе се нарекува гордо – македонско пекорино.

Генералниот директор на ИМБ Битола, Роко Водопија, вели дека освен некои оригинални италијански состојки кои мора да се искористат за да се добие пекорино, сето останато е од македонско потекло. Освен на нашиот пазар, македонското пекорино е веќе присутно и на американскиот и канадскиот пазар.

Related Posts with Thumbnails