wordpress counter

Плата од 26.000 евра

Оглас: Се бара личност која ужива во храна.
Плата: 26.000 евра

Компанијата Проактол нуди 26.000 евра плата на личност која има голем апетит и која е подготвена да јаде дополнителни 400 калории секој ден поради тестирање на нов производ за слабеење. Овој производ би требало да елиминира 30% од мастите.

Оваа великодушна понуда подразбира дека нема да има потреба ништо друго да работите, освен да јадете. Во огласот се наведува следното: звучи неверојатно, но вистинито е. Подготвени сме да ви платиме 26.000 евра годишно, за да го работите она што и онака го работите секој ден и никој не ви го плаќа. Сѐ што бараме е да јадете 16% повеќе калории неделно или 400 калории повеќе дневно.

Идеалниот кандидат не треба да е на диета, туку здраво и правилно да се храни. Во исто време, треба да е подготвен да го зголеми внесувањето на масна храна како што се чипс, пржена риба, пица или брза храна. Интересно е дека оваа работа може да ја правите и од дома, а храната ќе ви биде доставувана на домашна адреса.

Related Posts with Thumbnails