wordpress counter

Почина Рене Вердон, готвачот на Кенеди

Рене Вердон, готвачот на Џон Кенеди, почина на 86-годишна возраст во Сан Франциско. Вердон е готвачот кој е најзаслужен за ширењето на француската кујна во САД. Од рака му одеше и првата дама Жаклин Кенеди, која беше подвижна реклама за францускиот гламур, во кој секако влегува и гастрономијата.

Вердон ја шокираше американската јавност со садењето на зеленчук на кровот на Белата Куќа и садењето на тревки и зачини во градината на центарот на светот. Неговиот прв официјален оброк беше за време на посетата на британскиот премиер Мекмилан во 1961 година. Неговата кулинарска виртуозност беше претставена преку пастрмка во Винсен сос, говедско филе во сос од артичоки и десерт од пуслици со малини и чоколадо.

Но, доаѓањето на Линдон Џонсон за претседател го разнишува и местото на Вердон во кујната на Белата Куќа. Имено, Вердон не можел да прифати дека ќе подготвува обична и некративна храна, какви што биле желбите на Џонсон. Набргу, поднесува оставка и заминува за Сан Франциско, каде го отвора најпознатиот француски ресторан „Le Trianon”.

Во богата кулинарска кариера ги создаде и делата: „The White House Chef Cookbook”, „René Verdon’s French Cooking for the American Table” и „The Enlightened Cuisine”.

Related Posts with Thumbnails