wordpress counter

Почина таткото на „Цедевита“

Мартин Станковиќ, човекот кој пред 40 години ја измисли „Цедевита“, почина деновиве на 80-годишна возраст. Заминал тивко, исто како што живеел. Сосема спротивно од популарноста која ја доживеа неговиот производ.

„Цедевита“ и ден денес е еден од производите со кои хрватската економија може да се пофали. Овој напиток е светски бренд кој ужива особена голема популарност на Балканот и во поранешните југословенски републики. Фирмата „Аталантик Груп“ и вработените во фабриката на „Цедевита“ со „in memoriam“ се збогуваа со човекот чиј производ обележа една цела епоха и безброј генерации и детства.

Инаку, идејата за ваков производ во прав потекнува од американсиот „Танг“ од 1959 година и италијанскиот „Цедемонта“ од 1960 година. Како и да е, „Цедевита“ остана синоним за квалитетен витамински пијалак во прав, кој и денес ги полни полиците на супермаркетите, а и нашите полици дома.

Related Posts with Thumbnails