wordpress counter

Подебел политичар – поголема популарност

Универзитетот во Мисури спроведе едно навистина интересно истражување. Според резултатите, избирачите во западните земји имаат многу повеќе доверба во подебелите политичари отколку во слабите или политичарите со средна корпулентност.

Истражувањето под раководство на д-р Елизабет Милер укажува на тенденцијата кај избирачите многу повеќе внимание да посветуваат на физичкиот изглед на кандидатите. Во истражувањето учествувале преку 120 волонтери кои преку краток текст го објасниле окружувањето во кое живеат и политичките интереси.

Инаку, волонтерите добиле два комплета фотографии од политичари – едни вистински и едни ретуширани, каде се претставени со многу повеќе килограми на себе. Секогаш подебелите имале повеќе гласови од послабите. Интересно е дека кај жените ситуацијата е сосема спротивна. Според волонтерите, тие имаат поголема доверба во послабите политичари, бидејќи рефлектираат поголема сигурност и поголема чесност.

Related Posts with Thumbnails