wordpress counter

Подвижен фрижидер

Нема ништо подобро од легнување на софата во дневната соба откако ќе се вратите од работа. Проблемот настанува кога сте го завршиле вашиот прв пијалак и некако не ви се станува до кујната. Отсега има решение и за оваа ситуација. Станува збор за подвижен фрижидер кој работи на батерии и во кој собира 12 шишиња.

Интересно е дека работи на далечински управувач и можете буквално да го повикате да дојде од кујната во вашата соба. На вас останува само да го наполните со пијалаци и потоа да уживате во предностите што ги нуди современата технологија.

Овој уред има висина од 35 сантиметри и ширина од 30 сантиметри. Лесно се одржува и може да собере до 12 лименки пиво или три шишиња вино. Чини околу 50 долари. Останува да го набавите и подготвени да ги дочекате вашите пријатели.

Related Posts with Thumbnails