wordpress counter

Појадок на Камениот мост

Во чест на заштитничката на Скопје, Св. Богородица, на 19-ти септември (недела), на Камениот Мост, од 9 до 11 часот ќе се одржи манифестацијата „Појадок на мост“. Организатор е градот Скопје, од каде се надеваат дека ова ќе стане традиционална манифестација која ќе се одржува секоја година.

На едната страна од мостот ќе биде поставена трпезата која ќе биде донација од скопските ресторани, кафеани, пекарници и други угостителски објекти за исхрана, а оние кои ќе сакаат да бидат дел од оваа манифестација ќе треба своето присуство да го потврдат на телефонскиот број 3292-284.

За забавниот дел од програмата ќе бидат задолжени учениците од средното музичко училиште „Илија Николовски – Луј“. Па, скопјани и сите останати, Камениот мост нѐ очекува на неделен појадок, дружење и зачувување на традиционалните и духовните вредности.

Related Posts with Thumbnails