wordpress counter

ПОЈАДОК ЗА ЕДЕН ЦЕНТ!

centНа рецесијата која го зафати целиот свет не мора секогаш да гледаме како на нешто лошо. Следниот пример го потврдува тоа. Имено, сопствениците на ресторан во Кливленд, Охајо велат дека тешките економски времиња се една од причините поради која понудиле појадок со цена од еден американски цент (половина денар). Со купување на пијалок по редовна цена, гостинот во ресторанот Биг Ег добива две варени јајца, пржен сечкан компир и тост, сè тоа по цена од само едно американско пени. Едниот од косопствениците Џими Лабабиди, верува дека ефтината порција ќе им помогне на луѓето кои не успеаа да ги преживеaт отпуштањата од работа во време на рецесија. Другата причина е што сопствениците сакаат да го вратат стариот сјај на овој ресторански бренд во САД. Овој ланец беше затворен од страна на неговите претходни сопственици во текот на 2000-та година поради сериозни прекршувања на здравствените одредби при подготвување на храната. Ресторанот е отворен повторно во февруари оваа година.

Ако сте заинтересирани за ваков појадок и по ваква цена, качете се на авион и право во Кливленд. Само, гледајте да пристигнете на време зошто се служи само од 6 – 8 часот наутро.

Related Posts with Thumbnails