wordpress counter

Притвор за сопственикот на ресторанот Vittoria

Сопственикот на еден од најексклузивните ресторани во Скопје доби 30-дневен притвор. Покрај него, биле приведени уште 7 други лица, од кои двајца се полициски службеници.

Оперативната обработка на МВР, со интересен наслов „Виторија“, откри организирана криминална група, која во период од 2008 до 2011 година се занимавала со изнудување, заканување и киднапирање.

Сопственикот на „Виторија“, Д.С. (36) од Куманово, бил организатор на групата. Според наводите од МВР, тој склучувал усни договори со бизнис партнери. Откако фирмите ќе си ја завршеле работата, Д.С. им кажувал дека не е задоволен од сработеното и поради тоа трпел штети. Поради тоа, сопствениците на фирмите морале да му исплаќаат високи суми за оштета. На тој начин, тие од доверители станувале должници.

Related Posts with Thumbnails