wordpress counter

Прв синџир ресторани за здрава храна

По долга кариера како претседател на бордот на Мекдоналдс, Мајк Робертс го отвори првиот ресторан за здрава храна, под брендот „LYFE Kitchen“. Првиот ресторан е отворен во Пало Алто.

„LYFE“ е акроним за „Love your food everyday“ (сакај ја твојата храна секој ден). Менито го составија готвачите со светска слава Арт Смит и Тал Ронен. Според вестите, станува збор за вкусна, здрава, лесна храна која може да си ја дозволи секој.

Според сопственикот Робертс, ова ќе биде првиот синџир на ресторани со здрава храна. Инаку, Робертс беше на врвни позиции во Мекдоналдс во последните 30 години. Во овој период, тој ја надгледуваше работата на преку 30.000 ресторани во 118 земји во светот.

Related Posts with Thumbnails