wordpress counter

Прва пиперка без семки

Како резултат на петнаесет годишното контролирано природно одгледување, без употреба на генетски инжињеринг, настана „Ангело“ пиперката, која нема семки. Со тоа што не содржи семки, ја олеснува работата на секој готвач. Пиперката е 25% послатка и покрцкава од класичната. Овие карактеристики ја прават иделна за приготвување, како и за консумација во свежа состојба. Со оглед дека е послатка, би можела да им се допадне и на децата, кои според истражувањата, најчесто не се големи љубители на овој зеленчук.

Се одгледува во Јужна Шпанија, Израел и Холандија, а за јавноста засега е достапна само во британскиот ланец маркети „Маркс и Спенсер“. Освен со слаткоста се одликува и со екстра крцкавост, што ја прави како идеална ужина, полна со витамин Ц.

Нам, веднаш ни текна дека приготвувањето на ајвар ќе биде далеку поедноставно, со оглед дека нема да мора да се чистат семките од пиперката. Веруваме дека тоа е најздодевниот дел од целата постапка на правењето на овој македонски специјалитет.

Related Posts with Thumbnails