wordpress counter

Прво македонско кулинарско реално шоу

Телевизијата Канал 5 го подготвува првото македонско кулинарско реално шоу – „Во оган – кој е најдобар готвач“.

Во шоуто ќе учествуваат 12 кандидати кои пред публиката и судиите ќе ги покажат своите кулинарски способности. Главната награда изнесува 300.000 денари.

За да стигнат до главната награда, кандидатите ќе мора да излезат во пресрет на барањата на клиентите. На крајот ќе мора да ги освојат и симпатиите на жирито со својата умешност и инвентивност при реализација на финалниот пакет, кој се сотои од предјадење, главно јадење и десерт.

Ако готвењето е ваша љубов и сакате да учествувате во реалното шоу, пријавете се на voogan@finalfiction.com.mk

Related Posts with Thumbnails