- Гурман™ - https://gurman.mk -

Пржено пиво

Ќе се запрашате како е тоа можно? Готвачот од Тексас, САД, Марк Забл веќе го има направено. Имено, станува збор за пиво сместено во тесто кое потоа се пржи на температура од 375°С околу 20 секунди, со цел да се сочува алкохолот.

На Марк му требале повеќе од три години да го осмисли и реализира рецептот и методот на подготовка. По толку години резултатот би требало да е добар. Според него, кога гостинот ќе загризе од тестото, ќе почувствува богатство од вкусови и мириси.

И како што е пивото горчливо и цената ќе биде токму таква. Пет многу мали теста, слични на равиоли, полнети со пиво ќе чинат околу 220 денари. Додека тој се подготвува да го освои светот, американските власти веќе издадоа забрана за консумирање на прженото пиво на на малолетни лица (помлади од 21 година).