- Гурман™ - https://gurman.mk -

Ракавици за лупење

Од Данска ни доаѓа нов помошник во кујната. Станува збор за ракавици за чистење на зеленчук. Доколку подготвувате компири, моркови или цвекло, со едноставно триење со помош на ракавиците, ќе се ослободите од површинскиот дел на кората.

Предноста кај овој начин на чистење е што се сочувуваат голем дел од витамините и минералите кои се наоѓаат во кората или блиску до неа, а кои се губат со лупењето со нож.

Ракавиците Scrub’a можете да ги набавите во црна варијанта за чистење на компири, или во портокалова варијанта за чистење на моркови. Цената за возрасни е 600 денари, додека ракавиците за деца се 450 денари.