wordpress counter

РЕКЛАМИ КОИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ЛИЖЕТЕ

taste-itОва сигурно нема да ги спаси дневните весници од рецесијата во која навлегоа но барем ќе ги остави на површина уште некое време. Станува збор за реклами кои можат да се лижат и звучи прилично интересно особено за деца. Маркетинг посадата на американскиот гигант за технологија на бои, U.S. Ink. Corp креираа „Taste-It“ хартиена белешка или таканаречена „излупи и вкуси“ лента која би можела да го мотивира печатениот адвертајзинг, кој претрпе огромен пад поради светската финансиска криза. Според извори на компанијата, 1.5 милиони луѓе веќе го ставиле печатениот оглас на својот јазик и 59% од нив изјавиле дека е многу веројатно да го купат производот после овој иновативен начин на негово презентирање. Досега две компании, Campbell’s Soup Co. и Welch Food Inc., покажаа интерес за овој промотивен трик.

Related Posts with Thumbnails