wordpress counter

Рене Реџепи – најпознат македонец во светот

Пред неколку дена, британскиот магазин „Restaurant“ го прогласи данскиот ресторан Нома за ресторан на годината. На тој начин, по 4-годишно суверено владеење на шпанскиот „Ел Були“, овој претставник на современата нордиска кујна го зазема врвот.

Она што е интересно е дека сопственик и главен готвач на ресторанот е нашинецот Рене Реџепи. Станува збор за млад господин (само 32 години) чиј татко е македонски албанец, а неговата мајка е од Данска.

Реџепи е вистински талент во кујната, кој прави чуда со диви растенија и цветови и најсвежи морски плодови. Искуството го собирал во престижниот Ел Були и во француските ресторани „Jardin de Sens“ и „French Laundry“. Покрај тоа, ресторанот Нома веќе поседува и две мишелинови ѕвездички.

Редакцијата на Гурман™ искрено го поздравува овој успех на нашиот млад готвач и се надеваме дека наскоро ќе го посетиме ресторанот и ќе ве запознаеме со Рене Реџепи и неговите специјалитети.

Related Posts with Thumbnails