wordpress counter

Рене Реџепи по трет пат на врвот

Македонскиот славен готвач Рене Реџепи, не размислува да го напушти врвот на светската гастономија. Имено, неговиот ресторан „Нома“ во Копенхаген, трета година по ред е прогласен за најдобар ресторан на светот, во изборот на британското списание „Restaurant“.

Ресторанот на Реџепи беше избран за најдобар според оценките на повеќе од 800 кулинарски експерти во светот. По него, следат два шпански ресторани „El Cellar de Can Roca“ и „Mugaritz“ во Сан Себастијан. Првата петорка ја заокружуваат бразилскиот „D.O.M“ од Сао Паоло и италијанскиот „Osteria Francescana“ во Модена.

Потоа, следуваат два американски ресторани – њујоршкиот „Per Se“ и чикашкиот „Alinea“. На 8-мото место се наоѓа повторно ресторан од Сан Себастијан, „Arzak“, а деветти е „Dinner By Heston Blumental“ во Лондон. Списокот на 10-те најдобри завршува со њујоршкиот ресторан „Eleven Madison Park“.

Што се однесува до индивидуалните награди, најдобар готвач е Андони Луис Адуриз од „Mugaritz“, додека најдобра жена готвач е прогласена Елена Арзак.

Инаку, при приемот на наградата, Реџепи изјави дека е воодушевен што неговиот ресторан е прогласен за најдобар по трет пат, не заборавајќи да напомене дека неговата филозофија е да создаде вкусна храна со локални продукти.

Што да кажеме освен едно огромно БРАВО за соственикот на најдобриот ресторан во светот. Еден од ретките што покажува дека луѓето од овие краеви може да бидат успешни во светски рамки.

Related Posts with Thumbnails