wordpress counter

Ресторан во двокатен автобус

Мобилните ресторани одамна крстосуваат по улиците на американските градови. Меѓутоа, од неодамна постои и една нова атракција – двокатен автобус пренаменет во ресторан. Сопственици на World Fare се Тревис Шмид, кој има богато искуство во ресторанискиот бизнис и маркетинг експертот Џејсон Фримен.

За разлика од другите помали мобилни ресторани, во двокатниот автобус можете да влезете, да седнете и да уживате во сончевите зраци кои навлегуваат преку отворениот покрив. Јадење на куќата е „bunny chow“ – јужно-африканска улична храна, која се состои од поголемо парче леб полнето со кари. Во зависност од големината, цената се движи помеѓу 120 и 160 денари.

Доколку сакате, можете да јадете и на нозе, но само доколку автобусот е паркиран на определена локација. Локацијата на автобусот–ресторан лесно може да следи преку Facebook и Twitter. Овој ресторан може и да се изнајми за приватни забави и да се паркира на локација според вашите желби.

Со оглед дека Скопје сака да набави двокатни автобуси, се надеваме дека некој од нив ќе се пренамени во интересен подвижен ресторан и ќе уживаме во храната додека пред нас се менуваат сликите на нашиот главен град.

Related Posts with Thumbnails