wordpress counter

Ресторан зад решетки

РЕСТОРАН ЗАД РЕШЕТКИКлинк е првиот британски ресторан отворен во затвор. Алберто Криши е реализаторот на овој проект, а уште е попознат како Џејми Оливер на затворскиот кетеринг. Има добиено награда за своето работење во кантината 2005 година и оттогаш само ужива во раширената мантра дека евтината храна може да биде вкусна.

Ресторанот е наместен екстравагантно со тапацирана просторија за јадење и кожени столици, направени токму од затвореници. И секако, со прибор за јадење кој е направен од пластика.

Можете да порачате буквално сѐ – од риба лист па се до говедско на секаков можен начин. Најголем дел од оброците чинат околу 350 денари и секако дека ќе бидете стаписани од ниските цени кога ќе ви дојде сметката. Останува само да се решите дали сакате да одите зад решетки.

Related Posts with Thumbnails